Околу шест тони ѓубре се насобрани на улиците на француската престолнина Париз, поради штрајкот на работниците во јавната градска служба кои се приклучија на масовните протести против реформата на пензискиот систем, пишува денеска весникот Midi Libre, пренесува Нетпрес
На париските улици, поради штрајкот на вработените во градската служба кој започна на 7-ми март, веќе се насобрале околу шест тони смет, се наведува во написот.
Работниците за соборање на сметот и отпадот во моментов уживаат намалена старосна граница за заминување во пензија, на 57 наместо на 62 години. Пензиската реформа, која возраста за пензионирање ја покачува од 62 на 64 години, така за овие работници ќе значи исполнување на условот од навршени 59 години.
Во написот, исто така, се забележува дека ситуацијата со (не)одложувањето на сметот се разликува од реон до реон во Париз. И притоа се истакнува дека сметот е најзабележителен на улиците во реоните каде што живеат главно богати парижани. Едно од тие е VI ародисман, едно од препознатливите локации каде се Луксембуршките градини. Слична е состојбата и во XVI и во XVII ародисман, од двете страни на славната Триумфална капија.
Тоа се должи, се додава во написот, на фактот што одложувањето на сметот во тие реони го вршат општините, каде што е висок процент на работниците кои се вклучени во штрајкот. Во другите париски реони, улиците се почисти, бидејќи таму одговорни за собирање на отпадот се приватни компании, чии работници се помалку ангажирани во протестите и штрајкот.
Истовремено, според радио станицата FranceInfo, состојбата со отпадот се влошува и поради тоа што не работата трите постројки во париските предградија во коишто го согорува несортираниот смет. Секојдневно тие претпријатија околу 6.000 тони отпад, кој се собира во Париз и во реонот на главниот град Ил-де-Франс.
Сенатот, горниот дом на францускиот парламент, го одобри нацртот за реформа на пензискиот систем предложен од владата на претседателот Емануел Макрон. Откако мина во Сенатот, предлогот оди во заедничката комисија којашто ја сочинуваат седум пратеници од Националното собрание (долниот дом) и седум сенатори, кои треба да ја договорат конечната верзија на реформскиот проект.
Комисијата ќе заседава во сред на 15-ти март. Доколку парламентарците постигнат договор за конечната верзија на текстот, тој ќе биде ставен на гласање веќе во четврток, прво во Сенатот а пота и во Националното собрание. Доколку двата дома гласаат за документот без измени, тој ќе биде конечно одобрен од парламентот.
Во петокот ширум Франција се одржаа седмите од крајот на јануари масовни протести против пензиската реформа, којашто во прв ред предвидува зголемување на старосната граница од 62 на 64 години. Француската премиерка Елизабет Борн го престави предлогот кон средината на јануари, а тој покрај покачувањето на старосната граница, подразбира и зголемување на минималната пензија до 1.200 евра и укинување на бројни специјални пензиски додатоци.