Жителите на Париз и неговите предградија наскоро можат да имаат пристап до 20.000 електрични велосипеди.
Компанијата за јавен транспорт на „Иле-де-Франс Мобилитес“ (Ile-de-France Mobilités (IDFM) започна со нова програма за изнајмување велосипеди, во рамките на која првично ќе има 10.000 достапни превозни средства.
Со доволен интерес, нивниот број ќе се зголеми на 20.000, што ќе ја претвори програмата во најголемата услуга за изнајмување електрични велосипеди во светот.
Целта е да се намали употребата на автомобили и, според тоа, загадувањето во францускиот главен град. Електричните велосипедите ќе можат да се изнајмуваат за 40 евра месечно, период за кој корисниците ќе можат да ги задржат дома. Слично како картата за метро во Париз, работодавачите ќе можат да покријат половина од сумата, откако за конечен надомест останува само 20 евра за крајниот корисник.
Електричните велосипеди можат да поминат до 9 километри со едно полнење дури и при искачување.
Електричниот транспортот е во пораст во Франција, откако фирмата за електрични скутери „Лајм“ неодамна почна да работи во Париз, но и покрај високите цени за изнајмување, сепак брзо стана многу популарна. Електричните велосипедите се поевтини и попригодни за тесните улици на Париз.