Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да се сретнат на 11 ноември во Париз, доколку и двајцата присуствуваат на прославата по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Русија е отворена за дијалог и е подготвена да разгледа време и место за можна средба на двајцата лидери, доколку и Вашингтон е заинтересиран за тоа, се наведува во соопштението на Министерството.
Засега нема официјална реакција на ваквото соопштение од страна на Белата куќа, а не е ни потврдено учеството на двајцата претседатели на прославата во Париз.