За тоа време јавноста сѐ повеќе стравува од таложењето ѓубре и масовното појавување стаорци на улиците на Париз.

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира ѓубре и на улиците се насобрани речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, јави телевизијата БФМ.

Коломбе Бросел, помошник на градоначалникот на Париз задолжен за чистотата на јавните простори, рече дека „собирањето ѓубре е нарушено во сите делови на Париз“ и објасни дека приоритет се „безбедносните интервенции, како што се чистење на пазарите и отстранување на вреќите со ѓубре оставени на земја.”

Ана Сури, помошничка на градоначалникот на Париз задолжена за јавното здравје, рече дека „нема ризик за јавното здравје“, туку проблем на „удобноста и квалитетот на живот“.

Сепак, таа предупреди дека „не треба да се дозволи стаорците слободно да шетаат по улиците“ и посочи дека градската управа работи на враќање на стаорците во канализацијата со елиминирање на храната по улиците, како и подготовка за истребување во случај на посериозна криза.

Пјер Лисија, регионален советник за јавно здравје, сепак верува дека стаорците претставуваат непосредна „опасност за луѓето“.

Тој потсети дека минатото лето Академијата за медицина потсетила во својот извештај дека стаорците сѐ уште се закана за здравјето на луѓето поради многуте инфекции кои се пренесуваат преку егзопаразити, измет, каснувања или гребаници.