Во Авганистан денеска почна глaсање на парламентарните избори кое го следи хаотична организација, обвинувања за корупција и насилства поради кои изборите во стратешки важната покраина Кандахар се одложени.
Судири во државата се уште се во тек во речиси 20 од 34 покраини во државата.По првпат Изборната комисија ги опреми гласачките места со биометриски идентификациски системи.За 49 места во Долниот дом на Парламентот има 2.265 кандидати, меѓу кои 517 жени.
Гласачите ќе гласат на 11.167 гласачки места резервирани за мажи и 7.429 за жени, додека 46 гласачки места се наменети за авганистанските Номади и 20 за малцинските Сики и Хиндуси. За авганистанските Номади, познати како Кочии се резервирани десет парламентарни места, додека Сиките и Хиндусите заеднички имаат едно место. Во Авганистан има вкупно 8,8 милиони регистрирани гласачи.
Авганистанците ќе гласаат на парламентарни избори по речиси осум години, во надеж дека ќе внесат промени во Владата која загуби речиси половина од државата од Талибанците. Талибанците и терористичката „Исламска држава“ се заканија на секој кој ќе одлучи да оди на гласање.