Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска ќе почне разговори со пратеничките групи за кандидатите за мандатар за состав на новата влада.
Најверојатно, кандидат ќе биде лидерот на Движењето слобода, Роберт Голоб, а собранието би можело да гласа за новиот премиер во среда.
Доколку при разговорите со пратеничките групи се потврди доволна поддршка за Голоб, Пахор и формално ќе го предложи за премиер.
Словенечкиот Парламент може да гласа за премиер 48 часа откако ќе биде номиниран, а најдоцна седум дена, но гласањето се очекува в среда.
За избор на премиер потребно е мнозинство во парламентот, а гласањето е тајно.
Откако ќе биде избран, премиерот има рок од 15 дена да предложи кандидати за министри.