Ненад Чанак, повеќе не е тренер на кошаркарите на Партизан. 42-годишниот стратег си поднел оставка по катастрофалниот пораз од Задар, во петокот, 85:95.
„Јас го дадов максимумот, но тоа очигледно не е доволно. Време е некој друг да се обиде да направи нешто со овој тим, кој неоспорно е дека има квалитет“, рекол Чанак.
Задар синоќа го декласира црно-белиот тим, иако резултатот не го покажува тоа. Задар водеше со 22 поени разлика, а во последните 90 секунди Паризан со серија 12:0 ја намали разликата на десет коша.
Поразот од Задар е трет за Партизан во АБА лигата, а петти во низа, во сите натпреварувања.
Српсккте медиуми како можен наследник на Чанач го споменуваат италијанскиот тренер, Андреа Тринкиери.