До новиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Ливерпул што ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“ (поранешна Маракана) има уште десетина дена. Затоа од Англија ги прават последните подготовки за овој натпревар. Премиерлигашот нема да ги користи капацитетите на нивниот ривал за тренинг, туку на најголемиот противник на „црвено-белите“ – Партизан.

Како што пренесуваат српските медиуми, девет члена делегација на Ливерпул била во инспекција на тренинг центарот „Земунело“ и утврдиле дека овој центар ги исполнувал сите услови.

„Црвените“ единствениот тренинг ќе го одржат на денот на натпреварот на 6.ноември во периодот од 10 до 12 часот. Со само еден услов центарот „Земунело“ тој ден да биде на располагање само на Ливерпул.