ГРИГОРИЈ,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

МИТРОПОЛИТ КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКИ,

ИСПРАЌА ПАСХАЛНО ПОСЛАНИЕ

ДО СЕЧЕСНОТО СВЕШТНСТВО, БОГОЉУБИВОТО МОНАШТВО И СИТЕ ХРИСТОЉУБИВИ ПРАВОСЛАВНИ ЧЕДА НА КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКАТА ЕПАРХИЈА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО БЕЗГРАНИЧНО ВООДУШЕВУВАЧКИОТ ПОЗДРАВ

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта”

(Ев 2, 11-14).

Христољубиви чеда,

Со овие зборови ние го исповедаме и сме сведоци на она што било ветено на нашите Праотци уште во Рајот, дека Бог ќе стане човек. Благодарејќи на Воплотувањето на Бог, човекот доби сличност во Бога. А преку Воскресението Христово, човекот може да стане бог по благодат, затоа што Синот Божји, бидејќи Едносуштен со Отецот, благоволи да стане Богочовек. Богочовекот Христос нè направи присуштни, ни даде можност да станеме причастни на Божјата благодат, да станеме заедничари на Божјиот живот.

До Воскресението Христово човекот бил осуден, така што по смртта да слезе во пеколот, притоа вратите на рајот за него биле затворени, но, Господ Исус Христос стана „Првороден од мртвите“ (Отк 1, 5), а, ние, бидејќи облечени во Христос преку Крштението, заедно со Него, благодарение на Него, сме извлечени од адот. Всушност, иконата на Воскресението Христово е слегувањето на Спасителот во адот, кршењето на адските врати и изведувањето на Адам и Ева и на сите кои Го очекувале Избавителот од гревот, смртта и ѓаволот.

После Воскресението Христово, ние сме сопобедници над гревот, смртта и ѓаволот, над тие наши вечни непријатели. Таа победа, ја извојувал нашиот Создател, и затоа треба да сме преисполнети со благодарност кон Бога, и од таа благодарност, од таа љубов кон Бога, радосно да извикаме заедно со светиот апостол Павле: „Победата ја проголта смртта. Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата? Осилката на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. Да му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи, и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господа нема да биде залуден“ (1 Кор 15, 55-58). И смртта и гревот и пеколот денес беа сотрени. Колку треба да изобилува радоста, воскликот во нашите души и тела. Ние го добивме она за што бевме создадени, станавме слободни, вечната радост, вечното гледање на Лицето Божјо, сожителството со ангелите, заедничарењето со Бога и еден со друг во Бога сега ни се достапни. И сето тоа е искажано во овие зборови: „Христос Воскресна!“ Толку се длабоки тие зборови, толку се исполнети со суштина, со смисла, со вистина. Со тие зборови можеме да се поздравуваме не само во овие денови на славењето на Христовото Воскресение, туку тие зборови треба да станат императивни за нас! Тие зборови треба секогаш да ги имаме на ум! Во нив се содржи нашата вера, нашето православно исповедање, нашата победа, нашата слобода, нашата љубов и надеж. Во минутите на тага да ги повторуваме тие зборови, во нив е содржана голема утеха. Утеха која може да ја даде само Бог, а што може да биде поголема утеха од тоа, дека повторно сме станале синови Божји. Да не заборавиме дека овој живот е исполнет со распнувања, но по распнувањето на Господ Исус Христос на Крстот, нашето распнување доби смисла; доби залог за вечен живот. Од сега се распнати гревот, смртта и пеколот. Од сега ние можеме да го распнуваме гревот во нас, смртта во нас и пеколот. Од сега распнувањето на страстите доби смисла, од сега го распнавме страдањето, од Воскресението Христово и ние со ангелите можеме да извикаме: „Денес е спасението на светот, зашто воскресна Христос, како Сесилен“ (Канон на Пасха, ирмос на 4-та песна).

Со Воскресението Христово ја гледаме Божјата премудрост, ја гледаме Неговата Промисла за нас, ја гледаме Неговата смисла за нас. И суштината на сето тоа е љубовта. Сега се изли Божјата љубов врз човекот. Да ја чуваме таа љубов во нашите срца преку целата година. Светлината на Воскресението Христово да ја чуваме запалена во нашите срца и откако ќе поминат деновите на празнување, затоа таа Светлина е дар кој ни е даден засекогаш. Да живееме во таа вечна, несоздадена светлина. Тоа е светлина послатка од сончевата, попријатна од секоја создадена светлина. Само таа светлина може да ја стопли, да ја осветли нашата душа, затоа што таа светлина е вечна, несоздадена, излегува од Бога. И таа светлина е содржана повторно во овие зборови: Христос воскресна!

Светиот Никола Кавасила пишува: „Божјата љубов била безмерна, а знак, за да се изрази таа, немало.“ (Седум слова за животот во Христос. Слово XI). Сега се изрази тој знак, сега дојде времето за „освежување од лицето Господово“ (Дела 3, 20). Тој знак е делото на Спасителот на земјата, тој знак е Воскресението Христово, и сега, како што вели преподобен Ефрем Сирин: „Така го добивме животот во Христос. Телото Господово го вкусивме наместо плодот на дрвото… со Неговата праведна крв се измивме од проклетството и преку надежта на воскресението… го живееме Неговиот живот“ (Толкување на Четвероевангелие, 21). Тоа тело Христово ни се дава на секоја Божествена Литургија, на светата Тајна во која лебот и виното настануваат Тело и Крв Христови. Да не ја занемаруваме таа света Тајна! Во неа се содржи сè што ни е потребно во овој и за вечниот живот. Во неа стануваме заедничари во Телото и Крвта Христови. Затоа, причестувањето е присоединување со Телото и Крвта Христови, значи соединување со Христос. Тоа не се обични леб и вино. Тоа се Самото Тело и Крвта на Спасителот, како што велиме и во молитвата пред Светата Причест. Светата Литургија е света Тајна, затоа што во неа, Господ Исус Христос е Оној Кој ги принесува даровите, Кој се принесува Самиот и Кој го раздава Своето Тело и Крв за ние да се спасиме. Затоа, таа Света Тајна се нарекува и Евхаристија, благодарност. Затоа што нема како поинаку да ја искажеме својата љубов кон Бога, освен преку благодарност. А таа благодарност во себе содржи исполнување на Божјите Заповеди: љубов кон Бога и кон ближниот. Затоа благодарноста и љубовта се синоними. Затоа, ако го љубиме Бога и ближниот во себе ќе ја чувстуваме радоста на Воскресението, со тоа ќе ја чувствуваме и благодарноста кон Бога, така во Бога ќе ги сакаме и ближните. Затоа без Бога не можеме ниту да се сакаме еден со друг, затоа што изворот на љубовта е само еден, тоа е Бог. Затоа, оддалечувајќи се од Бога, се оддалечуваме од изворот на Животот, се оддалечуваме еден од друг, затоа што Бог е центарот на сè. Затоа постојано треба да го чуваме огинот на благодатта која ни е дадена, затоа треба да ја бараме таа Божја светлина која сега ни е дадена како дар, затоа треба радосно да извикаме: Христос воскресна и нам ни дарува живот вечен!

Да се поклониме на Неговото тридневно Воскресение!

Служете Му на Господ Христос со сета понизност на умот!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Велигден, 2022.