Ерменија има намера до крајот на годината да потпише мировен договор со Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во говор во парламентот.

-Искрено кажано, сакам мировниот договор да биде потпишан пред крајот на оваа година. Колку е тоа остварливо? На тоа прашање ќе одговорам вака: Владата и јас ќе направиме се за да биде реален, рече Пашинјан.

Според него, Ерменија се надева дека разграничувањето ќе биде завршено пред потпишувањето на мировниот договор, пренесе Тасс.

-Мора да има видлив дијалог на меѓународно ниво меѓу Нагорно Карабах и Азербејџан, мора да има видливи механизми за заштита на правата и безбедноста на Ерменците во Нагорно Карабах, рече ерменскиот премиер.

Азербејџан и Ерменија се во конфликт околу планинскиот регион Нагорно-Карабах од 1990-тите и распадот на Советскиот Сојуз. Нагорно-Карабах е меѓународно призната како азербејџанска територија, но е контролирана од ерменските сили со блиски врски со Ереван.

Ерменија и Азербејџан беа во војна до 1994 година во конфликти во кои загинаа околу 30.000 лица. Двете земји и претходно војуваа, во 2020 година, а во септември годинава ги обновија воени дејствија  и притоа загинаа вкупно 155 војници на двете страни.