Која брука еј, овие го прават народот будала, вели во ироничниот коментар на Твитер корисникот со псевдоним Хенри Чинаски.
Коментарот се однесува на вчерашното пуштање во употреба на само два километри од локален пат, кој за да биде комплетен треба да се асфалтираат уште три километри. На свеченото пуштање на нецела половина од патот присуствувале министерот Горан Милевски и градоначалниците на Тетово и Гостивар, Теута Арифи и Арбен Таравари.
– Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и двајца градоначалници, Теута и Таравари, имале свечено пуштање на 2 километра, а им останале за асфалтирање уште 3 километра. Која брука еј, овие будала го прават народов, коментира Чинаски на Твитер.
Станува збор за дел од локалниот пат Сушички мост – регионална депонија Русиново во општина Гостивар.