Патот до Беровско езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа“ дел од патните правци во Малешевијата.

Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат„ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Берово-Струмица.

-Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец, истакнаа од Општина Берово.

Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до ВИП хотелот.

Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.