Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.