Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.