Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, денеска изјави дека „деструктивната“ политика на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје, пренесуваат британските медиуми.
-Природна последица на деструктивната политика на САД е влошувањето на глобалната безбедност, рече Патрушев, близок соработник на претседателот Владимир Путин.
„Се зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје“, кажа Патрушеб додавајќи дека „е поткопан меѓународниот режим за контрола на оружјето“. сд/
фото:МИА архива