Директорката на Клиниката за пластична хиругија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника.

Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата.

-Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е многу нежна. Им препорачуваме хидратантни креми од медицинска козметика, без парфеми и бои, со заштитен фактор 50. Најдобро е воопшто да не излегуваат на сонце за лузните да не пигментираат. На сите пациенти им се дадени пакетчиња со креми за соодветен третман. Се имаме и ние што се нуди надвор. Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете… Го работиме тоа со години наназад, рече Ѓоргиевска Павловска.