Во албанското пристаниште Драч претпладнево забележан е рекорден број патници, главно пчелбари, кои со траекти доаѓаат во родниот крај.

Меѓу патниците има и поголем број македонски државјани, пред се од Италија и Германија, кои потоа патот го продолжуваат за нивните родни места, каде по традиција го минуваат летниот одмор. Главно станува збор за печалбари од дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа.

Во траектите има и косовски државјани.

Според Капетанијата пристигнале пет траекти со околу пет илјади патници и 1.050 возила.

Попладнево се очекува да пристигнат уште два траекта со околу три илјади патници и 600 возила.

Поради масовното доаѓање на печлбарите, според Капетанијата преземени се сите потребни мерки со цел олеснување на влезот на патниците. Исто така зголемен е бројот на траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч и Бари-Драч.