Здравството во Германија за време на корона вирус:
Скинати лигаменти на рамо… Mагнетна ти закажуваат за една недела, резултати добиваш за 24 часа, операција ти закажуваат за 5 дена. Ден пред операција те тестираат од корона и нема никаков проблем… те оперираат!
Здравство во Македонија:
Скинати лигаменти во фебруари… чекаш еден месец за магнетна… закажуваш операција во април… и сеуште си на листа на чекање.. ќе си чекаш додека не помине коронава..
Па го прашувам Венко Филипче
1. Кога ќе почне нормално да функционираат болниците и клиниките?
2. Доколку не почнат да функционираат за брзо дали може оваа операција да се направи во Германија на трошок на ФЗОМ? Нели после референдумот добивме бесплатно здравство во ЕУ!?
На народецов наш да му кажам: битно ваучери по 100 евра ви дадоа. Тоа што не функционира здравството не е битно.