Обвинителството во Париз соопшти дека отворило истрага по претставката поднесена од интернет весникот “Медијапарт” за шпионирање на телефоните на двајца негови новинари од мароканската разузнавачка служба, користејќи го израелскиот софтвер „Пегаз“.
„Броевите на мобилните телефони на Ленаг Бреду и Едви Пленел (ко-основач на весникот) се меѓу десетте илјади лица кои мароканските тајни служби ги насочувале со помош на шпионски софтвер обезбеден од израелската компанија НСО“, напиша “Медијапарт” во вчера објавениот напис.
Софтверот „Пегаз“ може да ја искористи целата содржина на телефонот без да му сигналиизра на сопственикот дека е хакиран. Дизајниран е од израелската компанија NSO Group, која го продава исклучиво на држави. Медиумскиот конзорциум на истражувачки медиуми, координиран од тимот на непрофитната органзиаицја „Забранети приказни“ и со поддршка на експертите на Амнести Интернешнл, составија список со повеќе од 50.000 телефонски броеви избрани како потенцијални цели на Пегаз од 2016 година во име на десет држави.