Пејачот од Гевгелија Васил Ангов вчера пред полноќ ја загуби битката со КОВИД 19, известува Канал 5. Тој починал на приватна клиника во Скопје, каде бил префрлен од Инфективната клиника, по барање на семејството. Доктор Сашо Олумчев од Центарот за јавно здравје во Гевгелија појасни дека поради симптоми на вирусот на Ангов му биле направени три тестови. Првите два биле негативи, а третиот, кој бил направен поради влошена здравствена состојба покажал позитивен резултат.
„Тој беше хроничен пациент со хронично пулмунално заболување на белите дробови. Се уште не беше докажан, беше третиран како хронично пулмунално заболување кај нас. Првиот брис беше негативен , после неколку дена му беше земен повторно брис пак беше негативен, но симптомите покажуваа дека станува збор за сериозни заболувања кои укажуваа дека има ковид инфекција, иако брисевите се уште беа негативни, беше влошена состојбата и беше испратен согласно протоколите на Инфективна клиника во Скопје“, изјави Сашо Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија.
Олучев вели дека трите брисеви ги земал ИЈЗ Гевгелија, а биле испратени во лабораторијата на Институтот на јавно здравје во Скопје.
„Не се сомневаме дека нешто има проблем со тестовите , проблемот е рековме со тоа колкава е виремијата во моментот и дали тестот ќе го детектира вирусот. Меѓутоа кај хронични пациенти ситуацијата многу брзо оди и многу брзо се влошува клиничката слика. Не е тој прв слуачј , ние имаме повеќе такви случаи кои мора да бидат ставени на терапија, интернистите си го водат тоа, кислородна поддршка и друга терапија се со цел додека се чека тестот да не се губи време”, изјави Сашо Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија
Докторот апелира до пациентите да не чекаат и при секој симптом да се консултираат со лекар за може навремено да се препознае евентуалното постоење на вирусот. Министерството за здравство и Државниот здравствен и Санитарен инспекторат неколку недели работат на истражување на причините за зголемување на бројот на смртни случаи. Од ДЗСИ за канал 5 велат ,,инспекторатот во континуитет врши вонредни инспекциски надзори во установите каде од коронавирусот се лекувани починати помлади пациенти, но досега не се констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот. Од лекар пак вклучен во истражувачкиот тим за болницата осми септември дознаваме дека половината од проверените случаи, осумдесет проценти биле со најмалку два коморбидитети.