Кинеската Влада е подготвена да стимулира стратешки инвестиции на кинеските компании во Бугарија, земјите од Западнот Балкан и во Централна и Источна Европа, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји на средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.
– Би сакале да поттикнеме повеќе кинески компании да инвестираат во Бугарија, на Западниот Балкан и во Централна и Источна Еврпа. Подготвени сме да соработуваме околу ова прашање, нагласи Ванг во разговорот со Захариева одржан во Буенос Аирес на маргините на министерскиот состанок на земјите членки на Г-20.
Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, Захариева од своја страна го информирала Ванг на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Софија и за идејата за финансирање на серија инфраструктурни проекти во регионот во висина од речиси 30 милијарди евра.
– Лично (бугарскиот) премиер (Бојко) Борисов е ангажиран за привлекување на финансии за овие проекти на Балканот. Ние сме мост меѓу Европа и Азија. Верувам дека на средбата во рамки на иницијативата „16 плус 1“ што ќе се одржи во Софија во јули, ќе помогнеме многу за развојот на регионот на кој му се неопходни модерни патишта, железнички пруги, далноводи и гасоводи, изјави Захариева.
На почетокот на јули во Софија ќе се одржи седмата средба на премиерите на државите опфатени со иницијативата „16 плус 1“ на која ќе се разговара за можностите за реализација на повече инфрструктурни проекти во Централна и Источна Европа.
Во врска со средбата во Софија, како што јави БТА, Ванг изразил надеж дека таа ќе биде „многу успешна“ и притоа ја оквалификува Бугарија како „надежен партнер и добар пријател на Кина во ЕУ“.