По петтата заедничка седница на владите на Косово и на Албанија, министрите предводени од премиерите Рамуш Харадинај и Еди Рама направија заедничка фотографија, на која пред фоторепортерите позираа со симболот двоглав орел.
Состанокот предизвика жестока реакција во Белград.
Инаку, на седницата на двете влади договорена е тесна соработка меѓу Косово и Албанија и укинување на роамингот во телефонските услуги.
Косовските претставници со највисоки почести во Пеќ ја пречекаа Владата на Албанија, која на седницата дојде во комплетен состав.