Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе изнесува 9, соопшти УХМР
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Фото: МИА