Шеесет и петгодишен Албанец од Косово заедно со четворицата сина се соочува со обвинение дека 16 години држеле 4 девојки како заложници во Швајцарија.
Следната недела таткото косовски Албанец со четирите сина ќе се појави пред регионалниот суд. Во обвинението се вели дека донел девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години како „сопруги“ од Балканот во Берн за секој од неговите четири сина. Таму, деценија и пол, таткото и синовите ги малтретирале жените и ги терале на домашна работа.
Првата жртва била донесена во Швајцарија од Албанија во 2003 година. Тогашната 17-годишна девојка го познавала сопругот само од слики, а присилниот брак со свекорот бил договорен. На родителите на младата жена им било ветено дека нивната ќерка ќе има подобар живот во Швајцарија. Друго девојче имало само 14 години, живеело во сиромаштија и, според истражителите, родителите го продале на обвинетите за сума од 300 евра.
Наводно подобриот живот брзо се покажал како стапица. Според обвинението, таткото Албрим Ф. (65) ги поучил своите синови точно како да се однесуваат со своите „сопруги“: со брутално физичко и психичко насилство. Жените биле постојано тепани, понижувани, им се заканувале со смрт, изолирани и силувани од членовите на семејството.