Го повикувам потпретседателот Мајк Пенс да го употреби 25. амандман и го отстрани претседателот Доналд Трамп од функцијата, изјави денеска Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом.
Таа истакна дека „тој разгори вооружено востание против Америка“
Изјави дека демократите се подготвени да спроведат постапка за импичмент повторно, ако кабинетот на Пенс не го отстрани Трамп со употреба на 25. амандман.
Двасет и петтиот амандман налага претседателските овластувања да се пренсат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа.
Сепак, за да се случи тоа, потребно е две третини од Претставничкиот дом и Сенатот да гласаат за отсранување на претседателот и поставување на негова замена, а тоа е потпретседателот.