Полицијата во Вашингтон уапси 68 лица во врска со вчерашиот упад на Капитол. Повеќето од нив се уапсени во зградата на американскиот Конгрес, изјави шефот на полицијата Роберт Конти.

– Имаме многу работа за идентификација и приведување на секој од толпата одговорен за своите постапки, изјави Конти на прес конференција.

Меѓу приведените има 60 мажи и 8 жени. Приведувањата биле извршени вчера и утрово, додаде началникот на полицијата во главниот град на САД.