Претседателот Стево Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка.
На панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог“, Пендаровски посочи дека потребно е да се направат реформи, кои луѓето ќе ги направат среќни и младите да останат во своите земји.
– Затоа помогнете ни. Помогнете им на луѓето кои живеат во овој регион. Би сакал и јас да се извинам за тоа. И јас сум еден дел од тие сили кои дава глас во овие земји. Без комбинацијата на нашите енергии, визии, проекти не можеме да успееме. Ако целта ни е да воспоставиме наново некои врски, кои беа толку плодотворни во 90-тите години, под други околности и друга средина, никој нема да може да каже дека пред 10 години Западен Балкан не успеал. Не зборувам само за интеграцијата во ЕУ, туку за вистинските реформи на терен и среќата на луѓето која им недостасува. И би сакале уште толку години да видат напредок во нивните општества и во следните 3, 5, 10 години, да ги забавиме негативните процеси, што ќе следат на празнење на регионот затоа што најпаметните, најмладата, најдинамична сила го напушта регионот. Во суштина ние нема да имаме никој, на кој ќе можеме да се потпреме кон вистинскиот живот за да го видиме вистинскиот проток на нашите економии, рече Пендаровски.
Забележа дека Западниот Балкан последните години заостанува во економска смисла зад ЕУ, повеќе и од претходната деценија, а Вашингтон само го следи падот на сите демократски индикатори.
– ЕУ не е способна сама да предводи, САД не би сакала да предводи сама, а регионалните елити не се заинтересирани. Би сакал да бидам искрен, бидејќи и јас сум дел од тие регионални елити, не би сакале да направат напори за темелна промена на нашите општества. Конечниот резултат е дека Западниот Балкан особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад ЕУ и повеќе од претходната деценија, 2000-те години, а Вашингтон е тука само да го следи и да сведочи за падот на сите демократски индикатори. Во демократска смисла Западниот Балкан е поназад од пред 10 или 15 години. Западниот Балкан има 18 милиони население на хартија, а во реалноста четири милиони помалку, заклучи Пендаровски.
Светот, додаде, се измени драматично, а Западниот Балкан е ист, освен војните.
– Политичката волја да се воспостави нова синергија воопшто не е прашање, но зборуваме за минорните интереси на инволвираните чинители, политичката волја на Брисел, на земјите членки на ЕУ, националните интереси на САД и на земјите од регионот. Ресетирањето е возможно само во форма на лесно ресетирање. Нема да видиме синергија меѓу двата дела на трансатланската заедница, која е толку важна за нас, како во 90-тите години. Тоа значи дека поголем дел од одговорноста ќе остане на рамениците на регионалните политички лидери, истакна шефот на државата, Пендаровски во своето обраќање на пленарната сесија.