Шефот на државата Стево Пендаровски преку социјалните мрежи побара брза и темелна истрага од надлежните институции за инцидентот кој се сличи синоќа во Охрид, а во кој три лица го претепале Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.

– Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, порача Пендаровски.

Според информациите во повеќе медиуми, тепачката не била со политичка позадина и омраза кон Бугарите туку повеќегодишно нетрпение меѓу учесниците во тепачката.

Како што објавивме, од Бугарија веднаш и дадоа политичка конотација, подготвија протестна нота, а претседателот на Бугарија, Радев најави евакуација на тепаниот Пендиков со специјален бугарски авион и пренесување на лекување од Охрид во Софија.

Шефот на државата Пендаровски не реагираше вака експресно и за провокациите кон Македонците од европратеникот Ангел Џамбаски во Скопје, пред неколку дена.