На твитер страницата на претседателот на Северна, Стево Пендаровски, викан од милост Љубави, го снема твитот со кој на Чехославачка која престана да постои во 1993 година и на погрешен Милош Земан, им го честиташе Денот на независноста.

Инаку, Милош Земан е претседател на Република Чешка, но Пендаровски пингувал погрешен Милош. Па, по првиот проблем со Чехословачка и погрешниот Милош Земан, го избришал твитот и пишал нов, тврди Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, но повторно пингувал погрешен човек.

Проблемот е решен така што ако сега ја отврите твитер странциата на Пендаровски, честитката ја нема. Ни до Чехословачка, ни до Чешка ни до… По ѓаволите.

Инаку пред некој ден социјалните мрежи тераа мајтап со погрешното знаме на средбата на Бојан Маричиќ со чешки претставници. Го свртеле наопаку.