Организацијата „Глобална воена сила“ (Global firepower) ја објави листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место е САД со индекс од 0.0718, а потоа следат Русија, Кина, Индија и на петто место е Јапонија. Колку индексот е поголем толку земјата е полошо рангирана, односно нејзината армија е послаба.
Од балканските држави најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61 место во светот. Хрватска е на 63 место, Словенија на 88, Албанија е 113, Босна и Херцеговина е 121, Црна Гора е 123 и Македонија е на 133 место со индекс 5.0801. Ваквиот ранкинг не става помеѓу Габон и Еритреја на листата, и само шест места од последното место, и сме во друштво претежно на афрички земји. На листата се 139 држави, од кои последна е Бутан со индекс 23.2577.
Најмоќна европска воена сила е Франција, која е на седмото место, потоа Велика Британиај е осма, Турција е на 11 место, Италија на 12 и Германија е на 15 место.
Листата се подготвува на повеќе од 50 фактори за одредување на иднексот на воена моќ, меѓу кои конкретните воени сили, како бројот на војници, авиони, тенкови, потоа финансиската моќ на државата и издвојувањето за одбранатра, како и логистичките капацитети, географската положба и друго.