„Јасно е дека на митинзите на Силјановска само претседателот на партијата што ја поддржува зборува. Но и пред четири години човекот беше шпицен кандидат за премиер, сега е де факто шпицен кандидат за претседател на државата“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево одговарајќи на прашања од граѓаните.

Тој додаде дека догодина Мицкоски можеби ќе биде и шпицен кандидат за градоначалник на Скопје, веројатно нешто ќе му се погоди.

Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево откако одговараше на прашања од собраните граѓани, ги покани присутните да се качат со него на бината со цел да се испрати порака дека тој е кандидат на народот.

„Ме критикуваат дека на моите митинзи само јас зборувам, дека сум бил оставен сам. Сега да им кажеме дека јас сум бил секогаш и секогаш ќе бидам со народот, затоа повелете сите на бина“, истакна Пендаровски канејќи ги сите присутни на митингот во Кичево да се качат со него на бината.