Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ) што се одржува во Скопје, под покровителство на Министерството за финансии.
Како што нагласи Пендаровски, нашиот одговор треба да соодветствува со домашните специфики. Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е, подвлече претседателот, да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно, според него, некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни.
Осврнувајќи се на актуелната ситуација во светски рами и на предизвиците во изминатите две децении, Пендаровски потенцира дека поради брзите промени, многу извшетаи и стратегии застаруваат пред да бидат објавени.
-Затоа, најдобро е да изградиме модел на економски раст што ќе биде отпорен на кризи. Клучно е прашањето дали ќе има смирување и нормализација на ситуацијата или ќе треба да научиме да функиционираме во неизвесност. Економските, еколошките социјалните и безбедносните кризи во изминатите 20 години со кои се соочува човештвото се зголемија. Истовремено, глобалните мегатрендови како дигитализацијата, климатските промени и растечката нееднаквост, драстично ги менуваат правилата по кои функцонираат и индустријата и пазарот на трудот, рече шефот на државата.
Пандемијата, дополни Пендаровски, го скрати времето за спроведување на политиките поврзани со целите на одржлив развој.
-Имаме забавен економски раст, зголемување на инфлација, на цените и на јавниот долг, продлабочување на нееднаквоста меѓу државите и во нив. Руско-украинската криза, пак, прекина витални синџири за набавка, ги поремети пазарите за храна и предизвика енергетска криза, укажа претседателот.
Во овој контекст, тој информира дела наредниот месец ќе се промовира рамката за развој „МКД2030“ што беше усвоена како заедничка платформа за иднината на државата. Овој стратешки документ, потсети Пендаровски, базира на четири развојни приоритети: забрзување на економскиот раст од најмалку пет отсто, повисока заштита на живтоната средина и редефинирање на енергетската политика, сеопфатена дигитализација која ќе отвори простор за инвестиции и нови работни места, како и образование и инклузивен развој.
-Овие четири приоритети ќе мора да се спроведуваат истовремено, а придонес во тоа мора да дадат сите општествени чинители од држ институции, пол фактори, прив и гражан ссектори и академската заденица, напомена Пендаровски.
По Пендаровски, обраќање имаше и претседателот на Собранието Талат Џафери кој оцени дека во овој период на криза, економската дипломатија може да направи многу за зајакнување на регионалната соработка и европските перспективи.
На вториот ден од СЕФФ ќе се дебатира на темите „Енергија и зелена транзиција“, „Инфраструктура, поврзаност и трговија“, „Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност“, „Нови предизвици за добро владеење“ и „Човечкиот капитрал во 21 век“.