Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека денеска имал пријатна средба со Исмет Рамадани и неговиот тим од Евроатлантскиот совет.
– Промоцијата на евро-атлантските вредности била и ќе остане клучен дел од мојата работа, особено сега кога сме на чекор од членството во НАТО. Пријатен разговор денеска со Исмет Рамадани и неговиот тим од Евро-атлантскиот совет за продолжување на јавната дебата за придобивките и обврските од нашето членство во ЕУ и НАТО, објави Пендаровски на Фејсбук.