Стево ПЕНДАРОВСКИ

Kако и обично, ДПМНЕ лаже!

-Лага: Дафина Стојаноска лаже дека не сум бил во Тетово и не сум имал став по пожарот на модуларната болница.
Факт: Во Тетово бев уште следниот ден по трагичниот настан кој се случи на 8 септември 2021 година. Изразив сочувство и солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повикав на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани.

-Изјавата од 9 септември 2021 е достапна на интернет: www.youtube.com/watch?v=mvZcJ4IWDyk

Лага: Дафина Стојаноска лаже дека не сум направил ништо за малиот генцијалец Македон Димитровски.
-Факт: На Македон Димитровски му доделив признание „Млад талент“ и парична награда, линк www.pretsedatel.mk/uspeshnimladi2021_25112022/.

-Иако во категоријата „Млад талент“, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија.
-Со обично пребарување на кој било агрегатор на вести или интернет страницата www.pretsedatel.mk лесно се открива вистината.