Претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа на ТВ 24 кажа дека неговата плата е 93.000 денари со 32 години стаж.

Тој говореше за високите плати во М-НАВ по скандалот со аферата Паразити, што ја отвори опозицијата.

– Данскиот амбасадор се интересираше за писмото на М-НАВ до нив и која е позадината на тоа, народски кажано „како баш овие ги избравте“. И јас морав да прашувам и не ми се веруваше дека ова е можно, рече Пендаровски за скандалот во М-НАВ со изборот на кандидати за контроли на летање.