„За жал, во моментот кога најмалку тоа го очекувавме, нашиот источен сосед постапи антиевропски и не блокираше. И со тоа можевме да се избориме, ако внатре немавме опозиција која де-факто е на истите антимакедонски позиции и ги поддржува сите опструкции“ рече претседателто Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид.
Тој додаде дека можеби нивните причини и мотиви се различни, но ефектот е ист.
„Со тоа што не се согласија со една сосема добробалансирана рамка за преговори да продолжиме напред, да ја усвоиме во Парламентот, тие ја блокираа сопствената држава и сега во кампањата велат пред вас имаме план, но ќе ви го кажеме ден по избори“ рече Пендаровски.
Претседателто додаде дека Македонија може да продолжи напред кон ЕУ само со сегашната политичка структура на власт бидејќи тие знаат што значи ЕУ и до каде може да се оди во преговорите.
„Научивме да ги штитиме македонските интереси како ниедна друга влада“ рече Пендаровски.