Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ.
-Ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина, велат од неговиот кабинет.