Ние немаме амбасадор во НАТО, а за неколку месеци влегуваме во Алијансата, рече претседателто Стево Пендаровски во интервјуто за ТВ Сител каде најави редулција на амбасадите, а прв на удар ќе биде амбасадорот Ивица Боцевски од Бразил.

Пендаровски во интервјуто најави дека некои од нашите амбасадори веќе се на пат за дома, а меѓу нив амбасадорот Боцевски од Бразилија, бидејќи таму, како што рече, „ќе одиме прво со редукција, за да можеме да засилиме некои други позиции што ни се многу битни во моментот“.

– Можете да замислите ние немаме амбасадор во НАТО, а за неколку месеци влегуваме во Алијансата. Немаме амбасадор во Вашингтон, кај најголемиот стратешки партнер на државата од независноста до денес. Немаме во Москва и да не набројувам понатаму. Она што е погубно за мали држави, е што имаме пет соседи, а во четири немаме амбасадор. Само во еден од нашите пет соседи имаме, што е недозволиво. Само во Софија имаме амбасадор, што во најскоро време ќе биде поправено, рече Пендаровски.