Стево Пендаровски денеска беше со граѓаните на Сопиште и Студеничани.

-Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија, заклучи Пендаровски.

Од СДСМ велат дека Пендаровски стои зад концепт кој нуди продолжување по вистинскиот пат кој носи подобар живот за сите.