Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Македонија, Медал за заслуги за Република Македонија и Повелба на Република Македонија.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, со Орден за заслуги за Република Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.
Медал за заслуги за РСМ ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров, тројцата членови на поранешната група за хумор К-15.
Признанието Повелба на Република Македонија ќе биде доделено на Албанскиот театар.
Фото: МИА Архива