Пендаровски: Предлозите за амнестија беа од политички и структури блиски до опозицијата

/ 16.09.2023

Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ, информираме дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.

Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари, соопштуваат од кабинетот.


Од истата категорија