Добиваме доста сигнали дека емисари од другите етнички заедници им објаснуваат на нашите луѓе дека се Македонци, дека не се Бугари, дека никогаш немало Бугари, изјави потпретседателката Илијана Јотова на средбата со претставниците на, како што е наведено, „бугарското национално малцинство во албанскиот град Елбасан“, јавува 24 часа.

Јотова пред нив ја прецизираше важноста на претстојниот попис.

– Заедно со нашите колеги од амбасадата имаме амбиција да го создадеме во Елбасан најголемиот центар на бугарската култура, рече Јотова.

Таа ја отвори учебната година во бугарското неделно училиште во овој град во Албанија.

– Ви благодариме многу што дојдовте во нашето училиште. Со голем труд ја отворивме оваа просторија да учиме бугарски. Со години подготвувам студенти, докторанти и студенти да одат во Бугарија да студираат. Ви благодариме за поддршката, за поддршката од амбасадата и од бугарското Министерство за образование, на Јотова и се обрати Микел Ценаи, професорка во бугарското училиште.

Таа, како што пренесе Експрес, им се заблагодари на друштвото „Бугарите во Албанија“ и на бугарската заедница за поканата.

Ова е трет ден од посетата на потпретседателот на Албанија во пресрет на тамошниот попис – прва по признавањето на бугарското малцинство во Албанија.

Јотова ја истакнала долгата и сложена историја на Балканот и геополитичките интереси кои отсекогаш биле големи.

– Покрај нашата заедничка историја, денес нè зближуваат и заеднички проекти, заедничка иднина во името на младите, рече Јотова.

Таа нагласи дека во 2023 година 110 години дипломатски односи и 30 години од Договорот за пријателство и соработка со Албанија.

– Сега на сите нас е да го заштитиме овој статус, кој и на албанските власти и на институциите во Бугарија им дава многу можности да можат да прават заеднички проекти. Вие сте нашиот природен мост меѓу двете земји. Училиштето треба да се прошири и да најде нова база, бидејќи секоја година бројот на деца се зголемува, рече Јотова.

Македонското друштво Илинден Тирана, Македонците од Албанија и нивните политички субјекти најостро ја осуди антимакедонската дводневна посета на Јотова на Република Албанија, каде што е придружувана од бугарски универзитетски професори и академици, сето тоа спроти пописот на населението во Република Албанија.

Целиот текст на бугарски јазик може да го прочитате во 24 Часа.