Во виното е вистината, вели латинската сентенција, а убаво е кога ќе запознаше млади винари, вели претседателот Стево Пендаровски.

– Неодамна ја посетив малата бутик винарија Бади во Кавадарци и поразговарав со сопствениците, младиот брачен пар Блаже и Емилија Миневски. Секогаш е убаво кога ќе запознаеш млади луѓе кои имаат вештини и знаења и успешни резултати зад себе, објави вечерва Пендаровски на својот официјален профил на Фејсбук.

Очигледно претседателот немал други активности денеска, па посегнал по настан од пред повеќе денови. Но, кога е во прашање виното, енолозите велат „колку постаро толку подобро“. Можеби и Пендаровски се водел од таа мудрост!

(Д.Г.)