Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот Фејсбук профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.
-Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови, напиша Пенударовски.
Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.
-Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша на ФБ претседателот Пендаровски.