Претседателот Стево Пендаровски ќе го носи дресот со број 20 во подмладокот на ФК Каменица Саса, што денеска го доби од тимот.

– Фала ви ФК Каменица Саса на честа што ме вклучивте во тимот со дрес број 20. Денеска во Македонска Каменица имав можност да ги видам и капацитетите на фудбалскиот подмладок и се надевам имаме идни фудбалски ѕвезди меѓу нив, објави Пендаровски на Твитер.

„Засилувањето“ што денеска го доби подмладокот на Каменица Саса не им донесе резултат на сениорите во тимот кои денеска изгубија со 5:0, од скопски Вардар, во Купот на Македонија.