Куманово е град кој од 1941-ва до денес секогаш бил победник, град каде се ковеше македонската современа држава и каде напредните, прогресивни сили немаат изгубено 30-тина години, рече пред кумановци на градскиот плоштад кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Тој е убеден дека и овој пат ќе ја добие довербата на двојните избори. Зборувајќи за претходниот период, рече дека во изминативе пет и 7,5 години и за парламентарна власт направиле работи кои ниту една политичка гарнитура претходно не ги направила во историјата.

– Го решивме спорот со Грција, после 25 години преговори и станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз НАТО Алијансата. Тоа значи конечна „тапија“ за нашата независност, за границите, суверенитетот и за личната безбедноста за секој од вас, рече Пендаровски.

Тој го спореди членството во НАТО со прогласувањето на независноста на државата., истракнувајќи дека безбедноста овозможува градење посреќен живот, подобра економија.

– Втората работа која ја направиме, а не беше направена 17 години наназад, е што по безмалку две децении ги отворивме преговорите со ЕУ, рече Пендаровски. Кандидатот нагласи дека се две стратешки цели, зацртани од првите политичари и се столбот врз кој се развива државата која за кус временски период може да стане просечно развиена, европска демократска држава.

– Во моментот кога ги отвориме преговорите ја завршивме првата конференција со Брисел во тој момент добивме неочекуван удар од внатре, јасно ни беше дека Р. Бугарија не сака да не види таму или сака да не види под нејзини услови а тоа значи да се откажеме од најсветото, дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Не верувавме дека од нивни политички причини главната опозициска партија ќе го закочи европскиот пат на Македонија од една единствена причина. Тие сакаат да дојдат на власт и да владеат, рече Пендаровски.