Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија, соопшти неговиот кабинет.
Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе имаат средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент.
Во Брисел, Пендаровски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа.
Претседателот Пендаровски ќе има обраќање за односите ЕУ – Западен Балкан низ призма на руската инвазија на Украина, статусот на земјите-кандидати за ЕУ, процесот на пристапните преговори на Македонија и политиката на проширувањето на ЕУ.