Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори.
– Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3, рече Пендаровски.
Пендаровски подвлече дека тој и концептот што тој го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата.