Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на Северна Македонија да ги добие гласовите на Албанците.

-Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат, вели Пендаровски.

-Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голема дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.

Прашан дали ќе биде тргнат споменикот на Александар Македонски од плоштад, Пендаровски вели дека отстранувањето на спомениците ќе чини многу пари и затоа нема да биде тргнат, но на сите споменици ќе стои табла дека се од хелинистички период.

-Ако ме прашате на лично ниво, треба да се отстрани, не само таа статуа туку и сите други споменици на главниот плоштад. Ова, сепак, нема да се случи, бидејќи, според спроведената анализа, цената на отстранувањетоби би била прескапа за сиромашната земја како што е нашата, вели Пендаровски, додавајќи дека решението за овој проблем е исто така договорено со договорот меѓу Заев и Ципрас, според кој сите споменици на хеленистичката традиција а културата ќе бидат поставени  плочки каде што ќе биде напишано.