Портпаролот на Министерството за одбрана на САД Џон Кирби оцени дека изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, со масакрот врз Ерменците го оквалификува како геноцид, нема да влијае на воените односи меѓу САД и Турција.

На новинарско прашање дали се очекуваат промени во военото партнерство со Турција, откако Бајден ги опиша настаните во 1915 година како „геноцид“, што предизвика гнев кај Анкара, Кирби рече: Не очекуваме никакви промени во воените односи со Турција.

Тој додаде дека Турција е важна земја во регионот со голема политичка тежина, како и важен сојузник на САД и членка на НАТО, пренесува Ал Џезира.

Кирби објасни дека неговата земја сака тесно да соработува со Анкара за многу важни прашања на меѓународната сцена, пред се во борбата против присуството на терористичката Исламската држава.

Вашингтон и Анкара прават огромни напори да ги поправат односите што беа разнишани во последниве години од низа проблеми, вклучувајќи го и купувањето од страна на Турција на рускиот ракетен одбранбен систем С-400, воведувањето санкции на САД против Анкара и несогласувањата околу сириските политики и правни спорови.